Баскет репрезентација на Србија во 3 на 3 ја одбрани титулата светски шампион

Баскет репрезентација на Србија

Баскет репрезентација на Србија во 3 на 3 ја одбрани титулата светски шампион. Србија по драматичната победа и пресвртот во полуфиналето против Полска со 21-19 со кошот на Мајсторовиќ, го освои златниот медал на Светското првенство 2018 што се одржа во Манила на Филипини

 

те. Во финалето српските кошаркари ја совладаа Холандија со 16-13 и стигнаа до четвртото злато на светските собири во нивното петто финале по ред. За трофејот се изборија Душан Домовиќ Булут, Дејан Мајсторовиќ, Марко Савиќ и Стефан Стојачиќ  кој го замени Марко Ждеро кој се повреди ја надиграа уште еднаш Холандија. Во борба за бронзениот медал и третото место, Словенија ја победи Полска со 21:16.

 

Кај дамите со светската титула се закитија кошаркарките на Италија, кои ја надиграа Русија со 16:12 во финалето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.