ЕП 2022 на ракомет за жени ќе се одржува во Македонија, Словенија о Црна Гора

ЕП 2022 во ракомет за жени

Европската ракометна федерација на денешниот конгрес во Глазгов, Шкотска донесе одлука Македонија, заедно со Словенија и Црна Гора да бидат заеднички организатори на Европското првенство во 2022 година, пренесува МИА.


Федерациите на трите земји ги исполнија критериумите и ги задоволија сите барања при инспекциите на ЕХФ во текот на изминатиот период, по што официјализирано е дека градовите Љубљана, Скопје, Цеље и Подгорица, со своите арени „Стожице“, „Борис Трајковски“, „Златорог“ и „Морача“ ќе организираат по една од четирите групи во првата фаза од првенството.


Љубљана и Скопје ќе бидат домаќини и на по една од групите во главната фаза, додека завршницата од шампионатот ќе се игра во словенечкиот главен град.


Покрај условите за одигрување на овие натпревари од највисоко ниво, заедно со искуството на организација на големи настани на трите федерации, како посебно добра препорака за доделување на организацијата.


- Кампањата, која ќе се одвива под слоганот „We Can Handball“, како главна цел го има засилувањето на брендот на женскиот ракомет во Европа и Светот, така што со подобрување на сите негови производи, тој ќе се приближи до она што глобално претставува машкиот ракомет. Предложени се низа проекти под слоганите “We Teach Handball”, “We Travel Handball”, “We Care Handball”, “We Support Handball” и “We Work Handball”, меѓу другите, чија реализација нема да биде фокусирана само во земјите на одржување на Првенството, туку низ цела Европа, објави РФМ на својата официјална веб страница.


Целта на предложените проекти се опфаќање на широк аудиториум за приближување на фановите до своите идоли, промоција на женскиот ракомет, како и да се промовира самиот настан. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.