Маркез победи по 9-ти пат по ред на патеката Заксенринг во Мото ГП

Марк Маркез, возачот на Репсол Хонда, победи на трката за ГН на Германија во Заксенринг.

 

Место на подиумот имаше и за двајцата возачи на Јамаха, Валентино Роси и Маверик Вињалес.

 

Шпанецот во Германија стигна до 9-тата победа по ред, а доманацијата ја почна во 2010 година.

 

Маркез вложи максимални напори за да стигне до победата. На стартот водеше борба со Роси, а потоа и со идниот тимски колега Хорхе Лоренцо.

 

Откако го мина Лоренцо, позицијата на Маркез беше сигурна, додека борбата се водеше за местата на пиедесталот.

 

Роси и Вињалес беа поуспешни од конкурентите. Бодови во Германија освоија уште Петручи, Баутиста, Лоренцо, Довициозо, Педроса, Зарко и Смити.

 

Во генералниот пласман води Маркез со 165 бода, втор е Роси со 119, а трет Вињалес со 109.

 

Следната трка ќе се вози на 5 август во Брно за ГН на Чешка.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.