Најдобрите светски тенисери ќе се сретнат на Ју-Ес опен

Годинава на Ју-Ес опен ќе учествуваат дури шест освојувачи на турнирот, соопшти Тениската асоцијација на САД.

Почнувајќи од бранителот на титулата Рафаел Надал, потоа петкратниот шампион Роже Федерер, двојниот освојувач Новак Ѓоковиќ, како и победникот од 2009 година Хуан Мартин дел Потро, од 2012 година Енди Мареј и од 2014 година Марин Чилиќ.   

Интересно е дека „големата четворка“ првпат ќе биде заедно на Ју-Ес опен по 2015 година. Минатата година не учествуваа Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, додека во 2016 година отсуствуваше Роже Федерер.

Од првите 100 играчи на АТП листата од настапот на американскиот турнир се откажа само Томаш Бердих, па благодарение на тоа Виктор Троицки, кој е на 102-та позиција, е последниот играч кој влезе директно во ждрепката.

Квалификациите за Ју-Ес опен се закажани од 21 до 24 август, додека главниот турнир почнува на 27 август.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.