Мурињо: Бодот може да се покаже како пресуден

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по ремито со Валенсија изјави дека овој бод може да биде пресуден за конечниот пласман на крајот во Е-групата.

 

Португалецот кој се наоѓа пред отказ поради слабите резултати и лошата атмосфера во тимот, рече дека неговите избраници одиграа нешто подобро од претходно, но тоа не беше доволно да се совлада Валенсија.

 

- Го подигнавме нивото од аспект на посветеност, интензитет и желба. Но тоа не беше доволно за победа, иако сметам дека немаше да биде незаслужено ако на крајот ние се радувавме.

 

- Сепак и бодот без примен гол на крајот може да се покаже како многу значаен, рече Мурињо.

 

Во Х-групата од Лигата на шампионите Јувентус е лидер со 6 бода, Манчестер Јунајтед има 4, Валенсија 1, Јанг Бојс е без бод.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.