Нови проблеми за Јунајтед, скапото засилување Санчез пред отказ!

Требаше да биде едно од најголемите засилувања на Манчестер Јунајтед, но Алексис Санчез испадна најголемо разочарување за тимот од „Олд Трафорд“.

 

Чилеанецот е непрепознатлив во дресот на „црвените ѓаволи“, а во вторникот имаше уште една лоша вечер.

 

Санчез на средбата од Лигата на шампионите, против Валенсија на домашен терен, одигра 75 минути, а топката ја загуби 26 пати, или во просек на секои три минути.

 

Незадоволството кај навивачите на Јунајтед расте и тие за лошите резултати како еден од виновниците го посочуваат токму Санчез.

 

- Не работи ништо, а зема 505.000 фунти неделно, се дел од коментарите на социјалните мрежи за играта на Санчез.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.