За овој потег се оди во затвор! Кошаркар нокаутиран затоа што славеше забивање (видео)

Жесток инцидент се случи на натпреварот од австрискиот кошаркарски шампионат помеѓу Велс и Капфенберг.

 

Во последната четвртина, кошаркарот од Босна и Херцеговина, Ервин Зулиќ, на атрактивен начин ја заби топката, но остана подолго време да виси на обрачот.

 

Тој потег очигледно му засмета на противничкиот играч, американецот Дејвид Самуелс, кој брутално со тупаница одзади по главата го нокаутираше на паркетот.

 

Кошаркарот доби сосема очекувано исклучување и сигурно го очекува голема казна. По натпреварот дури и не сакаше да му се извини на Зулиќ кој како што кажал не направил ништо лошо......

 

Што се случи погледнете ТУКА...





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.