Поради ова Јунајтед го чека казна од УЕФА по мечот со Јувентус во ЛШ (видео)

УЕФА може да го казни Манчестер Јунајтед, бидејќи тројца навивачи истрчаа на теренот за време на натпреварот со Јувентус на Олд Трафорд во Лигата на шампионите.

 

Јунајтед загуби од Јувентус со 0:1, и кратко време по започнувањето на натпреварот во групата Х, навивач истрча на теренот.

 

Редарите за брзо време го совладаа, а истото се случи и по завршувањето на натпреварот кога двајца навивачи влегоа на теренот.

 

Еден од нив се обиде да стигне до поранешниот играч на клубот Кристијано Роналдо и сакаше да се слика со него.

 

 

Полицијата во Манчестер за британските медиуми потврди дека еден човек бил уапсен откако бил приведен поради влез на теренот.

 

Во декември 2014 година, УЕФА го казни Тотенхем со 15.000 евра, бидејќи неговите навивачи влегоа на терен трипати за време на натпреварот со белградски Партизан во Европа лигата.

 

УЕФА ги очекува извештаите од натпреварот, како и извештајот за проблемите во сообраќајот и пристигнувањето на играчите на Олд Трафорд.

 

Минатата недела, Јунајтед беше казнет на 15.000 евра, бидејќи играчите доцнеа за натпреварот против Валенсија во Лигата на шампионите, поради големиот сообраќаен метеж во Манчестер.

 

Овие проблеми продолжија и во вторникот, кога Јувентус стигна на стадионот 65 минути пред почетокот на натпреварот, а Јунајтед 50 минути пред почетокот.

 

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо одлучи пешки да стигне до стадионот.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.