Без Наинголан во дерби д'Италија

 Белгискиот фудбалер на Интер, Раџа Наинголан, ќе го пропушти супер- дербито со Јувентус од 15-тото коло во Серија „А".

 

Тој се повреди за време на поразот од Тотенхем во Лигата на шампионите пред една недела (0:1).

 

Наинголан не беше вклучен во групата за натпреварот. Сепак, десноориентираниот дефанзивец Шиме Вршаљко се враќа за „нероазурите".

 

Групата на Интер за дуелот со Јувентус: Хандановиќ, Падели, Берни, Вршаљко, Де Вриј, Ранокиа, Асамоа, Миранда, Д’Амброзио, Шкриниар, Гаљардини, Весино, Жоао Марио, Борха Валеро, Перишиќ, Брозовиќ, Икарди, Лаутаро Мартинез, Кеита Балде, Политано, Кандрева.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.