Нејмар: ПСЖ ќе ја освои Лигата на шампионите

Најскапиот фудбалер во светот – Нејмар Жуниор, е сигурен дека неговиот ПСЖ е подготвен да го освои трофејот во Лигата на шампионите уште оваа сезона.

 

Во моментов, Бразилецот лечи повреда на стапалото, кој ќе го извади од терените до крајот на март. Тој ќе го пропушти двомечот со Манчестер Јунајтед од осминафиналето во најсилниот клубски турнир. По првата средба на „Олд Трафорд" момците на Томас Тухел имаат комфорна предност од 2:0 по головите на Преснел Кимпембе и Килијан Мбапе.

 

– ПСЖ ќе биде шампион на турнирот оваа година. ПСЖ не сум само јас. Имаме одличен тим со големи играчи и генијален тренер. Исто така и навивачите – тие се нашиот 12-ти играч, кога играме во Париз. Немам сомнежи дека сега ќе бидеме шампиони, а и за тоа ќе играме , изјави Нејмар во интервју за медиумите дадена на настан на „Ред Бул" по повод 27-иот роденден.

 

Во моментов тој се опоравува од повреда, која ја доби пред неколку недели во меч од Купот на Франција. Бразилецот сподели дека му е многу тешко што е надвор од теренот.

 

– Веќе почнавме со третманот. Ќе трае долго време, но правам мали чекори кон целосно заздравување секој ден. Фала му на Бога, дека имам големи професионалци околу себе. Играм фудбал откако знам за себе. Во 2018-та беше истата ситуација, но ова искуство ме направи посилен и поподготвен за она што претстои, заврши играчот на Парижаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.