Икарди имал состанок со тренерот Спалети

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди одржал 15-минутна средба со тренерот Лучијано Спалети, објави „Кориере дела Сера".

 

Дваесет и петгодишниот Аргентинец не присуствуваше на денешниот тренинг на клубот во Милано. Претходно, на Икарди му беше одземена капитенската лета.

 

Тој, исто така, не учествуваше на вчерашниот натпревар од 1/16 финалето на Лига Европа против Рапид (1:0).

 

Италијанскиот новинар Валер де Маџо изјави за „Скај Спортс" дека Аргентинецот склучил прелиминарен договор со Јувентус.

 

Во тековната сезона, Икарди играше на 28 натпревари за Интер, постигна 15 гола и забележа две асистенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.