Парондо по победата во Загреб: Горд сум на ракометарите

Тренерот на македонскиот шампион Вардар, Роберто Парондо по синоќешниот убедлив триумф од девет голови разлика (18-27) во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите против ППД Загреб, изрази благодарност до играчите и посочи дека е горд на неговите ракометари, кои одиграле перфектно.

 

 Нема што да кажам освен благодарам на играчите. Горд сум на нив. Одиграа одличен меч и го завршивме поголемиот дел од задачата. Знаевме што ќе не очекува во Загреб па добро се подготвивме, работевме максимално на тренинзите. Се што договоривме, момците го одиграа перфектно и затоа на крајот стигнавме до овој резултат, изјави тренерот на Вардар по мечот.

 

По победата на гостински терен, „црвено-црните" веќе се со една нога во четвртфиналето на ЛШ, а реваншот во Скопје за седум дена се чини само протоколарен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.