Вардар води пет разлика на паузата во финалето против Веспрем

Екипата на Вардар води со 16:11 по првото полувреме против Веспрем во финалето од Лигата на шампионите.

 

Играчите на Роберто Парондо играат одлично во првото полувреме, сосема спротивно од вчерашниот прв дел против Барселона кога „црвено-црните" губеа со седум гола, но на крајот сепак успеа да слави огромна победа.

 

Хендикеп засега не се покажува повредата на Даниел Шишкарев, кој при една контра незгодно доскокна и побара измена поради болки во десната нога.

 

Мораес е најефикасен со четири голови попрвите 30 минути, додека Милосављев има пет одбрани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.