Две нови книги за Хари Потер излегуваат овој октомври

Нови книги за Хари Потер

“Индипендент” објавува дека две нови книги од серијалот “Хари Потер” ќе бидат објавени во октомври, по повод 20-годишнината од издавањето на првиот том за момчето волшебник. Нивното излегување ќе одговара токму со почетокот на харипотерската изложба, која ќе се одржи во Британската библиотека меѓу октомври и февруари.


Првата новоиздадена книга ќе носи наслов “Хари Потер: Историја на магијата – книгата на изложбата” и ќе е напишана од Џ.К. Роулинг, издавачката куќа “Блумсбери” и музејсот од Британската библиотека. Преку неа фановите на Хари Потер – универзумот ќе можат да се потопат уште еднаш во волшебништво, од училиштето за магии “Хогвортс” и наставата во него . Второто писмо, пак, ќе биде насловено “Хари Потер – Патување низ историјата на магијата” и ќе ги истражува одблизу мистични суштества, предмети и концепти како алхемија, еднорози, древни магесништва, ритуали.


Ракописот ќе вклучува досега уште невидени скици и рачно напишани белешки од Роулинг, илустрации од Џим Кеј и артефакти, кои се запленети од архивите на Британската библиотека.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.