Вонредна состојба во Грција, беснеат над 90 пожари

Пожари во Грција

Пожарникарите во Грција се борат со повеќе од 90 пожари што вчера се раширија низ земјата. Огромни пожари беснеат во Близина на Атина, на Пелопонез, Закинтос и Кефалонија, јавуваат агенциите.


Пожарот во околината на Атина уништил десетина куќи, а избил и во туристичкото место Каламос и се проширил во уште три града. На подеднакво популарниот остров Закинтос неколку пожари горат веќе четврти ден.


Властите прогласија вонредна состојба, а министерот за правосудство Ставрос Контонис изјави дека пожарите се подметнати. „Ова е палење според организиран план. Нема сомнеж во тоа“, изјави грчкиот министер.


Камповите и куќите во околината на Атина се евакуирани, а стотици жители на Каламос избегале на плажите да преноќат. Сведоци изјавиле дека туристичкиот „рај се претворил во пекол“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.