Шпанската полиција спречи втор напад по оној во Барселона

Напад во Барселона

Шпанската полиција соопшти дека спречила втор терористички напад откако 13 луѓе загинаа, а стотина други беа ранети кога комбе удри во пешаци во познатото туристичко шеталиште Ла Рамбла во Барселона. Одговорноста ја презеде екстремистичката организација Исламска држава.


Неколку часа по нападот во Барселона, полицијата соопшти дека убила петмина „терористи“ кои подготвувале сличен напад во летувалиштето Камбрилс, јужно од Барселона. Притоа биле ранети шестмина цивили и еден полицаец.


Полицијата соопшти и дека морало да бидат изведени контролирани експлозии, бидејќи убиените осомничени носеле елеци со експлозив. Полицијата соопшти дека заговорот во Камбрилс бил поврзан со нападот во Барселона.


Претходно, таму комбе со голема брзина удри во луѓе, а одговорноста за нападот ја презеде екстремистичката група Исламска држава.


Шпанските власти соопштија дека жртвите биле од 18 главно европски земји. Еден од очевидците беше и 23 годишниот Франческо Анунциата:


„Во пет часот попладне бев на улицата позади Ла Рабла. Слушнав гласен удар. Тоа беше комбето кое удри во луѓе. Се вратив. Никој не знаеше што се случува. Полицијата не знаеше дали е тоа напад“.


Веднаш по нападот, полицијата уапси две лица, едното шпански државјанин, а другото од Мароко. Возачот на комбето успеал да избега.


Полицијата соопшти и дека овој напад бил поврзан со експлозијата во една куќа во Алканар кога едно лице загинало, а едно било рането кога правеле експлозивни направи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.