Над 50 загинати во нападот во Лас Вегас, убиецот е 64- годишник

Вооружен напад во Лас Вегас

Најмалку 50 луѓе биле убиени, а повеќе од 100 повредени кога вооружен напаѓач отворил оган врз луѓе кои присуствувале на фестивал на кантри музика во Лас Вегас. „Си-Ен-Ен“ наведува дека напаѓачот од 32 кат на еден хотел пукал во толпата од спротивната страна на улицата, каде што имало околу 20 илјади посетители.


Полицијата соопшти дека напаѓачот е убиен, и додаде дека се верува оти се работи за локален жител. Станува збор за 64-годишниот Стивен Падок, кој пукал од 32 спрат на хотелот, каде што и бил ликвидиран. Полицијата сѐ уште трага по 62- годишната партнерка на Падок, Марилу Денли, но таа не е осомничена како соучесник.


Нападот се случил во близина на познатиот хотел и казино „Манделеј беј“ попознат како „Стрип“, каде што се лоцирани голем број казина, хотели, дискотеки и ресторани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.