Поројни дождови предизвикаа поплави во близина на Атина

Поплави близу Атина

Поројните дождови што паднаа синоќа, предизвикаа поплави во областите околу грчкиот главен град, пишува Екатимерини. Патиштата во населбата Неа Перамос, околу 27 километри западно од Атина, станаа калливи реки.


„Речиси целиот град Неа Перамос е поплавен. Не мислам дека некогаш сме виделе такво нешто“, изјави градоначалникот, Григорис Стамулис пред медиумите, истовремено додаде дека во тек се операции за укажување помош на засегнатите граѓани.


Некои од жителите на населеното место, биле принудени да се качат на покривите од нивните домови.


Вчера Грција прогласи вонредна состојба на островот Сими поради силна бура што ги оштети домовите на населението и доведе до пауза во снабдувањето со електрична енергија и вода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.