Во Германија обилни врнежи од снег

Снег во Германија

Западните делови на Германија се зафатени од обилни снежни врнежи, кои предизвикаа проблеми во патниот и воздушниот сообраќај.


Поради снегот времено е запрен целиот сообраќај на аеродромот во Дизелдорф, а слична  е состојбата и кај аеродромот во Франкфурт каде функционира само една писта, поради што се откажани голем број летови или се изведуваат со задоцнување.


Поради снежните врнежи, сообраќајот се одвива отежнато по повеќето патни правци во западните делови на Германија, а остатоците од снег и мразот на патиштата беа причина за поголем број сообраќајни несреќи. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.