Арапскиот нафтен гигант ќе гради огромна рафинерија

Saudi Aramco

Нафтениот гигант од Саудиска Арабија, Saudi Aramco, ќе гради огромна рафинерија на индискиот западен брег заедно со три индиски државни компании.

 

Рафинеријата ќе чини 44 милијарди долари и ќе има капацитет за преработка на 1,2 милиони барели сирова нафта дневно. Брзорастечката индиска економија има големи потреби од нафтени деривати. Овој проект е еден од најголемите на светско ниво од областа на петрохемиската индустрија, наведува компанијата Saudi Aramco. Притоа, Saudi Aramco ќе има 50% удел во проектот, додека остатанатите три компании од конзорциумот ја делат другата половина. Објавата за овој мега проект доаѓа  веднаш по потпишувањето на договорот помеѓу Saudi Aramco и француски Total за изградба на огромен петрохемиски комплекс во Саудиска Арабија во вредност од 5 милијарди долари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.