Без договор меѓу Велика Британија и ЕУ, фрaнцускиот Парламент ќе гласа закон за сценарио за Брегзит
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 03 Октомври 2018
Француската Влада на почетокот од ноември во Сенатот ќе поднесе предлог - закон кој предвидува мерки при ситуација на Брегзит без постигнат договор меѓу Велика Британија и ЕУ.
Предлог-законот денеска на владина седница ќе го презентира министерот за европски прашања, Натали Лоазо. Со него на Владата и се овозможува да усвојува директиви за решавање на проблемите што ќе ги предизвика Брегзит во француско-британските односи.
Текстот ќе биде поднесен во Сенатот на 5 ноември и во Националното собрание во декември.
Според планираното, Лондон и Брисел треба да постигнат договор за Брегзит до самитот на ЕУ на 18 и 19 октомври. Но, преговорите се во ќорсокак, а тоа предизвикува загриженост дека може и да не се постигне договор.
Таквата ситуација би имала сериозни економски последици врз двете страни на Ла Манш, а исто така ќе создаде многу правни дупки во европското и француското право, како што се пензиските права на француските работници во Велика Британија кои сакаат да се вратат во Франција, признавањето на британските дипломи во Франција и условите за престој на британски државјани во Франција.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс