Интерпол: ,,Исчезнувањето'' на претседателот Менг не влијае не нашата работа

Меѓународната полициска организација (Интерпол) денеска соопшти дека е запозната со информациите за „претпоставеното исчезнување“ на нејзиниот претседател Менг Хонгвеј, додавајќи дека случајот сепак е во надлежност на соодветните органи на Франција и Кина.

 

Како што јави ДПА, Интерпол во соопштението посочува дека „исчезнувањето“ на Менг не влијае врз работата на организацијата, бидејќи за секојдневното раководење со неа е одговорен генералниот секретар. 

 

- Генералниот секретар на Интерпол нема повеќе да го коментира случајот, се посочува во соопштението. 

 

Претходно, беше соопштено дека француската полиција започнала потрага по претседателот на Меѓународната полициска организација (Интерпол), Кинезот Менг Хонгвеј, откако неговата сопруга пријавила дека „нема никаков глас“ од него по неговото заминување за Кина минатата недела.

 

Извори од француската полиција соопштија дека сопругата на Менг го пријавила исчезнувањето во полициска станица во Лион, каде се наоѓа седиштето на Интерпол.

 

Таа, според истите извори, изјавила дека нема никакви информации каде се наоѓа Менг, откако тој заминал за Кина на 29 септември.

 

Претставник на француските правосудни власти, кој побарал анонимност, соопшти дека Менг отпатувал од Франција и пристигнал во Кина „кон крајот на сепетмври“. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.