Сорос плаќа жени за да протестираат, обвинува Трамп
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 05 Октомври 2018
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека жените кои протестираат поради спорниот кандидат за Врховен суд, Брет Кавано, се професионалки кои се платени од Џорџ Сорос и други.
- Многу непристојните врескачки во лифт се платени професионалки, кои само сакаат сенаторите да изгледаат лошо, напиша Трамп на Твитер.
По минатонеделното сведочење во Сенатот на Кавано и на Кристин Блази Форд, која го обвини дека сексуално била нападната во 80-тите години, две жени му пришле на сенаторот Џеф Флејк наведувајќи дека се жртви на сексуално насилство и барале од него да не го поддржи кандидатот на Трамп за Врховниот суд.
- Не паѓајте на тоа! Исто така, погледнете ги сите професионално направени идентични знаци. Платени се од Сорос и од други. Тоа не се знаци направени од љубов во подрум, додаде Трамп.
Сенатот денеска треба да ја почне процедурата за гласањето за Кавано. Флејк, како и две умерени сенаторки Сузан Колинс и Лиза Мукаровски најверојатно се уште немаат одлучено како ќе гласаат.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс