Путин доби телефонска честитка од Вучиќ
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 07 Октомври 2018
Српскиот председател Александар Вучиќ разговараше денеска телефонски со рускиот претседател Владимир Путин и му го честита роденденот-соопштија од кабинетот на Вучиќ.
„Претседателот Вучиќ му посака добро здравје и среќен живот на претседателот Путин, како и да со многу мудрост, сила и волја продолжи да постигнува успех во одговорната должност на претседател, да ги брани интересите на Русија и братскиот руски народ и да ги води цврсто на втемелениот пат на напредок.“-се наведува во соопштенеито.
Вучиќ во телефонскиот разговор со Путин му порача дека „Србија е привилегована што има искрен пријател каков е Русија“, како и дека тој „ужива голема доверба во Србија и кај српскиот народ.“
Српскиот претседател во разговорот му изрази благодарност на Путин "за помошта на Русија во одбраната на српските државни и национални интереси, што се огледа преку активната поддршка во Обединетите нации и сите други меѓународни организации во кои Србија го штити својот територијален интегритет и суверенитет, како и својата независност и слободарска традиција", истакна претседателот Вучиќ.
Заблалагодарувајќи му се на честитките за роденден, претседателот Путин потврди дека ќе ја посети Србија, со зборовите: "Се гледаме во Србија, драг пријателу".
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс