Макрон е многу загрижен поради исчезнувањето на новинарот

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е многу загрижен поради исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој исчезна по влегувањето во саудискиот конзулат во Истанбул.

 

 Тој за телевизијата „Франс 24“ изјави дека ќе разговара со лидерите на Саудиска Арабија и Турција за исчезнатиот новинар.

 

- Чекам да се открие вистината и случајот целосно да се разјасни. Она што е споменато во случајот е многу сериозно - рече Макрон и повтори дека Франција сака да стори сé за да ја открие целата вистина за случајот, чии први елементи се многу загрижувачки.

 

Макрон вели дека ќе заземе став во врска со случајот кога сите факти ќе бидат јасни и тој ќе разговара за ова со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ел Сауд и неговиот принц Мохамед бин Салман.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.