Не се сомневаше дека нешто лошо ќе му се случи, изјави вереницата на исчезнатиот новинар

Исчезнатиот саудиски новинар не бил нервозен кога отишол во конзулатот на Саудиска Арабија, ниту пак се сомневал дека би можело да му се случи нешто лошо. Тоа го изјави неговата вереница Хатиџе Џенгиз.

Според неа, последното нешто што и го рекол Кашеги пред да замине во  конзулатот било „ќе се видете подоцна, мила".

Таа рече дека оваа недела веќе ќе била омажена за Кашоги и додаде дека планирале да живеат на релација Истанбул- САД, каде што Кашоги живее во доброволен во егзил од минатата година.

 

Кашоги се води како исчезнат од 2 октомври, кога влегол во зградата на  конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да добие документи потребни за венчавката со неговата турска свршеница Џенгиз.

Турските официјални претставници стравуваат дека дописникот на „Вашингтон пост“, познат како критичар на саудиската влада, бил убиен во конзулат, но не дадоа докази за таквото тврдење.

Од друга страна, Саудиска Арабија ги негираше овие обвинувања како неосновани.

Саудиските власти рекоа дека Кашоги влегол во конзулатот и набрзо го напуштил, меѓутоа, турските власти и неговата свршеница, која го чекала надвор, тврдат дека тој не излегол оттаму.

Кашоги ја напушти Саудиска Арабија минатата година, откако ја критикуваше саудиската политика во Јемен и притисокот врз критичарите на власта.

Турските власти не ги коментираат извештаите во кои се наведува дека владата на таа земја на американските официјални претставници им соопштила дека има аудио и видео докази дека Кашоги бил убиен во конзулатот.

Џенгиз  изјави дека турските власти не и споменале снимки и истакна  дека Кашоги „се уште официјално се води како исчезнат".

Саудискиот министер за внатрешни работи принцот Абдулазиз бин Сауд бин Најеф бин Абдулазиз ги отфрли како „неосновани лаги кои се шират за убиство на новинарот".

Министерот во официјална изјава рече дека Ријад „е поврзан со традицијата на почитување на правилата и меѓународните конвенции".

Саудискиот министер, исто така, вети дека ќе соработува со Турција во заедничка истрага. Кралството сака да се разјасни случајот со исчезнувањето на новинарот.

Делегацијата на Саудиска Арабија пристигна во петокот во Турција. Анкара се согласи  да се формира заедничка работна група со Саудиска Арабија, со цел да се утврдат околностите на исчезнувањето на новинарот.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.