Саудиска Арабија: Отфрламе какви било „закани" и притисоци

Саудиска Арабија нема да подлегне на какви било „закани“ за економски санкции или политички притисоци, соопшти денеска официјален Ријад откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди на „остра казна“.

Во соопштението кое го објави државната агенција на Саудиска Арабија, исто така, се наведува дека таа држава ќе одговори на секој чекор, кој ќе биде преземен против неа.

Агенцијата наведува дека во соопштението не се споменува директно Кашоги, кој исчезна на 2 октомври, откако влезе во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

По заканата на американскиот претседател, саудиската берза падна за повќе од 6,8 проценти.

Трамп во интервју за Си-Би_Ес рече: „Ќе го истераме тоа до крај и казната ќе биде сериозна“.

Турските власти стравуваат дека Кашоги, саудискиот новинар кој работи за „Вашингтон пост“ и го критикуваше режимот во Ријад, е убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во кој отишол да подигне некои документи.

Турските власти сметаат дека Кашоги е убиен од агенти на тајните служби на Саудиска Арабија, а тоа Ријад го негира и тврди дека обвинувањата се „неосновани“

Саудиска Арабија досега не понуди никакви докази дека Кашоги излегол од конзулатот, а неговата свршеница, која го чекала пред зградата, тврди дека тој воопшто не излегол оттаму. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.