
Унгарија сѐ уште не потврдила дека одобрила азил за Груевски
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 21 Ноември 2018

Европската Комисија истакнува дека унгарските власти за сега не потврдиле дека одобриле азил за поранешниот премиер Никола Груевски.
Поради тоа, ЕК сѐ уште не дава различни коментари од оние кои ги дава последните денови, а тоа е дека процесот не треба да се политизира и дека сите треба да ги почитуваат принципите на владеење на правото, земјите членки како земјите кандидати. Правилото е дека земјите индивидуално одлучуваат за одобрување азил, но ЕК потсетува и дека после години назадување Македонија остварила “добар прогрес“ во оваа област, што е потврдено од страна на земјите членки во јуни.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
