Климкин: Цел на воената состојба е контрола врз Донбас и Крим
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 27 Ноември 2018
Главната цел на прогласувањето воена состојба во Украина е Киев повторно да воспостави контрола врз Донбас и Крим, изјави украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин на седницата на Врховната Рада.
– Главна цел на прогласувањето на воената состојба за мене без сомнеж е ослободување на окупираните територии, рече Климкин и додаде дека „исто така е неопходно напорите да се фокусираат на одбивање провокации".
Украина ги смета за окупирани територии делови од регионите Доњецк и Луганск, како и Крим.
Воена состојба во Украина е воведена во 10 од 27 региони на Украине, кои украинскиот претседател Петро Порошенко ги идентификува како најподложни на евентуален руски напад.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс