Кремљ: Воената состојба во Украина ќе создаде тензии
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 27 Ноември 2018
Кремљ денеска соопшти дека воведувањето воена состојба во Украина по инцидентот во Керченскиот Теснец би можело да доведе до зголемување на тензиите во југоисточниот дел на Украина.
– Воведувањето воена состојба во разни делови на земјата би можело да доведе до ескалација на тензиите во конфликтниот регион во југоисточниот дел на Украина, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша указ за прогласување воена состојба во државата, која ќе трае 30 дена. Указот беше одобрен во украинската Врховна рада и утре ќе стапи во сила.
Руските сили на 25 ноември запленија три бродови на украинската морнарица во Керченскиот Теснец, меѓу Црното и Азовското Море, со образложение дека нелегално влегле во руски територијални води.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс