Телефонски разговор Ердоган-Трамп за тензиите меѓу Русија и Украина
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 28 Ноември 2018
– Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска имаше телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп за тензиите меѓу Русија и Украина на Црното Море.
Ердоган претходно имаше посебни телефонски разговори со претседателите на Украина и Русија, Питер Порошенко и Владимир Путин.
Деталите од тие разговори Ердоган му ги пренел на Трамп, објави канцеларијата на турскиот претседател.
Судир помеѓу Русија и Украина изби во неделата кога руските сили запленија три украински бродови во Црното Море, по што Киев воведе воена состојба во пограничните области.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс