Украина ја затвори границата со Крим за странците

Државната погранична служба на Украина го затвори влезот на Крим за сите странски државјани.

 

"Само украинските граѓани ќе можат да ја преминат границата со Крим", се вели во известувањето.


Претходно двете украински пристаништа на Азовско Море - Берданск и Мариупол беа блокирани од страна на Русија, која не дозволува влегување и излегување од нив.

 

На 35 бродови не им е дозволено да ги вршат своите нормални операции. Дозволено е движење само на бродови што патуваат во руските пристаништа на Азовското Море.

Според украинскиот министер за инфраструктура, Володимир Омељан, целта на Русија е да ја притисне Украина од својата територија.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.