На Русите од 16 до 60 години им е забранет влез во Украина

Киев им забрани влез во Украина на Русите на возраст од 16 до 60 години.

 

Украинскиот претседател Петро Порошенко на Твитер објави дека мерката е воведена за да се спречат Русите да формираат „приватни армии" за борби на украинска територија.

 

Одлуката за забрана ја соопшти и шефот на украинската погранична служба Петро Цигикал и додаде дека на контролните пунктови се зајакнати мерките за контрола.

 

Од 28 ноември во некои делови на Украина во сила е 30-дневна воена состојба откако руските сили на 25 ноември запленија три бродови на украинската морнарица во Керченскиот Теснец, меѓу Црното и Азовското Море, со образложение дека нелегално влегле во руски територијални води.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.