Путин сликовито му објаснувал на Макрон зошто ги запленил украинските бродови
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 01 Декември 2018
За време на состанокот со францускиот колега Емануел Макрон, претседателот на Русија Владимир Путин на парче хартија нацртал мапа од украинскиот брег за да му објасни зошто Русија ги запленила бродовите од водите кај Крим, соопштија денеска претставници од кабинетот на францускиот претседател.
Наведоа дека за време на состанокот со Макрон, Путин земал хартија и пенкало и графички го прикажал украинскиот брег и спорните територијални води, каде минатио викенд имаше инцидент со украинските воени бродови.
Францускиот претседател, наведуваат претставниците од неговиот кабинет, сепак побарал документи со кои би се потврдиле руските тврдења и инсистирал на потребата од воздржаност во судирот.
Украина тврди дека нејзините воени бродови тогаш биле во меѓународните води, додека Русија тврди дека украинските бродови влегле незаконски во нејзините територијални води.
Како што јави МИА, Русија тогаш заплени три украински бродови и членовите на нивните екипажи.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс