Ердоган со поддршка за Мадуро

 Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му се јавил на својот колега од Венецуела, Николас Мадуро, и му понудил своја поддршка откако венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо се самопрогласи за шеф на државата.

 

„Нашиот претседател имаше телефонски разговор и му изрази поддршка од Турција на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и нагласи: Брате Мадуро! Држи се, ние сме со тебе!", напиша Ибрахим Калан на Твитер.

 

Хуан Гуаидо, шеф на Парламентот на Венецуела вчера се самопрогласи за претседател на државата и доби поддршка од Вашингтон и голем број јужноамерикански држави. Тоа го натера социјалистот Мадуро да прекине дипломатски односи со САД. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.