Рохани ги обвини САД за „светска хегемонија”

Иранскиот претседател Хасан Рохани ги обвини САД за „светска хегемонија”, тврдејќи дека Вашингтон се обидува да го урне венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

 

– Американците во суштина се против сите национални револуции и независни држави и со нивното задушување тежнеат за глобална хегемонија, рече Рохани на состанокот со амбасадорот на Венецуела во Техеран.


Иран, кој е под притисок на повторно наметнатите американски санкции, изрази поддршка за Мадуро, кој се соочува со барање од САД да ја напушти власта.

 

Русија, Кина и Турција, исто така, го поддржаа Мадуро.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.