Продолжуваат масовните протести во Венецуела

Хаос во Венецуела!

 

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Каракас, едните со барање Николас Мадуро да ја отстапи власта на самопрогласениот за претседател Хуан Гуаидо, другите, за да слават 20 години од почетокот на боливарската револуција и да ја изразат својата поддршка за Мадуро.

 

Тој се закани дека членовите на националната полиција ќе бидат вклучени во редовите на вооружените сили на земјата и додаде дека Венецуела треба да биде подготвена да го "заштити мирот". За време на демонстрациите, Мадуро побара предвремени парламентарни избори.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.