
Британската Влада ги разгледува опциите за Брегзит
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 20 Март 2019

Владата на Велика Британија ги разгледува можните одговори на одлуката на претседавачот на Парламентот дека премиерката Тереза Меј не може повторно пред пратениците да го образлага договорот за излегување од Европска Унија.
Пратениците досега двапати го одбија тоа.
Министерот за Брегзит, Стивен Баркли изјави дека Владата „сериозно ќе ја разгледа“ одлуката на претседавачот Џон Беркау дека договорот не може да биде ставен на гласање ако нема суштински измени.
Баркли истакна дека Владата треба „детално да ја проучи одлуката“.
– Фактот дека еден број пратеници изјавија дека поинаку ќе гласаат укажува на тоа дека работите се различни, посочи Баркли.
Меј веќе имаше разговори со противниците во рамките на подготовките за ново гласање.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
