Британски министер: Ако не се одобри договорот на Меј, следува уставна криза
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 25 Март 2019
Британскиот министер за трговија Лајам Фокс изјави денеска дека Велика Британија можеби нема да ја напушти ЕУ доколку Парламентот не го одобри договорот за Брегзит на премиерката Тереза Меј.
Тој оцени дека дека тоа би поттикнало демократска и уставна криза во земјата.
– Или ќе излеземе од ЕУ со договор, или ќе ја напуштиме без договор, што е можно. Но мислам дека Парламентот прави се за тоа да биде како што треба, или воопшто нема да ја напуштиме, за што мислам дека ќе произведе демократска и уставна криза, истакна Фокс.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс