Албанската Влада издвои 100.000 евра за обновата на Нотр Дам

И албанската Влада стана дел од донаторите за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз, која се запали пред три дена.

 

За таа цел донесена е одлука да се доделат средства во износ од 100.000 евра.

 

Претходно албанскиот државен врв и лидери на политички партии изразија жалење за настанатите штети на познатата катедрала Нотр Дам од пожарот што ја зафати и солидарност со ветување дека Албанија ќе помогне во обновувањето.

 

И косовската Влада најави дека ќе помогне со финансиски средства.

 

Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск во вторникот побара од 28-те земји членки на Европската Унија да помогнат во обновата на Нотр Дам.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.