Силен земјотрес во Чиле

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди пацифичкиот брег на Чиле.

 

Како што соопшти Американскиот геофизички институт, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри под дното на Тихиот Океан, со епицентар на околу 80 километри западно од градот Кикимбо.

 

Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикани материјални штети, а не е објавено ниту предупредување за можна појава на цунами.

 

Чиле се наоѓа во т.н. пацифички огнен прстен и важи за една од најтрусните земји во светот. Во 2010 година Чиле го погоди земјотрес со јачина од 8,8 степени по Рихтер, при што загинаа над 500 лица.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.