Помпео: Трамп не сака војна со Иран

САД ќе продолжат да спроведуваат кампања за вршење притисок врз Иран и да „одвраќаат од агресија" во регионот, но не сакаат несогласувањата со Техеран да ескалираат, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

 

Обраќајќи им се на новинарите во воздухопловната база „Мекдил" на Флорида, Помпео нагласи дека Доналд Трамп не сака војна.

 

– Ние ќе продолжиме да ја пренесуваме таа порака додека правиме работи кои се неопходни за заштита на американските интереси во регионот, рече Помпео.

 

Вршителот на должност американски министер за одбрана Патрик Шенахан вчера најави дека на Блискиот Исток ќе бидат распоредени уште илјада војници „во одбранбени цели". 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.