Техеран урна американско разузнавачко беспилотно летало

Централната команда на американската армија потврди дека ирански сили урнале беспилотно летало на САД, и го утврди случајот како "непредизвикан напад", пренесоа американските медиуми.

 

Армијата соопшти дека беспилотен разузнавачки авион бил "соборен од иранскиот ракетнен систем земја-воздух, додека дејствувал во меѓународниот воздушен простор".

 

"Иранските пораки дека леталото било над Иран, се невистинити", изјави портпаролот на Централната команда.

 

Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран ескалира откако Доналд Трамп еднострано ја повлече земјата од меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран. САД го обвинуваат Техеран дека стои зад неодамнешните серии напади врз танкери.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.