Експерименталниот тунел на Боринг компанијата во Лос Анџелес е скоро готов

Денеска Елон Маск објави преку Твитер дека првиот тест тунел кој го копа неговата компанија Боринг под Лос Анџелес е скоро готов.

 

Кога ќе е готов, системот ќе биде во можност да пренесува пешаци, велосипедисти и автомобили со брзини од 155 милји на час. Граѓаните ќе можат да го пробаат ова возење за прв пат бесплатно на специјален настан органисиран од СпејсИкс во Хауторн, Калифорнија, на 10-ти декември.

 

Важно е да се запомни дека датата која Елон Маск ја „твитна“ всушност не кажува дека тоа навистина ќе се случи; следбеник на Твитер дури отиде до таму да го запраша дали мисли на „реално време“ или на „Елоново време“, алудирајќи на фактот дека Маск има обичај да дава неточни подранети дати, кога се во прашање закажувањата на некакви крајни рокови. Одговорот на Елон е дека дека овој пат сепак станува збор за реално време.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.