Здравје/Фитнес
Загадениот воздух го намалува животот за две години
- Детали
- Категорија: Здравје/Фитнес
- Создадено: 20 Ноември 2018
Загадениот воздух ги намалува животите на луѓето во просек за речиси 2 години. До овој заклучок дојдоа научниците од Институтот за енергетска политика на Универзитетот во Чикаго.
Според податоците Непал е земја со најзагаден воздух во светот, по што следи Индија.
Загадувањето на воздухот во овие земји е толку сериозно што го скратува просечниот животен век на нивните граѓани со цели 4 години.
Степенот на загадување на атмосферата зависи од регионот. На пример, во подножјето на Хималаите воздухот е исклучително чист, пишува BGNews.
За споредба, прогнозираниот животен век во Кина - земја со многу валкан воздух, се скратува само со 2,9 години, а во САД - со 0,1 години.
Загадувањето на воздухот во голема мера е предизвикано од согорувањето на фосилните горива, скратувајќи ја на глобален план должината на животот во просек за 1,8 години на човек.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс