Чистење на просторот под Железничката станица во Скопје

Мрдни со прст

Граѓанската иницијатива Мрдни со прст, заедно со жителите на Аеродром и сите што сакаат да го направат своето маало поубаво и почисто место за живеење, попладнево во 18:30 часот организираат акција за чистење и разубавување на областа под Железничката станица, во близина на улицата Венјамин Мачуковски.


Присутните ќе ги анимираат Тони Зен, ДЈ Гоце Саф и Марко Новески, а истовремено мајсторите за графити ќе ги разубавуваат столбовите на Железничката станица.


- Разубавувањето токму на оваа област е всушност реакција од страна на совесен граѓанин кој пред неколку месеци го пријавил проблемот на веб страната www.mrdnisoprst.mk како локација во градот на која и е потребно чистење, разубавување и редовно одржување, информира Мрдни со прст. 


Во акцијата се вклучени Сојузот на извидници на Македонија Ајде Македонија, Националниот младински сојуз на Македонија, Биди Зелен, Општина Аеродром,...
Со овој настан Мрдни со Прст продолжува со активностите за подигнување на свеста на граѓаните за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец. „Tи си на потег” како слоган на кампањата, го повикува секој граѓанин да даде своја идеjа, да се вклучи и да реализира активности со цел да направи одреден придонес во заедницата во која живее.


Повеќе информации за тоа како секој може да се вклучи, а воедно и детали околу предходните и следните активности на Мрдни со Прст се достапни на www.mrdnisoprst.mk, како и на Facebook страницата www.facebook.com/MrdniSoPrst.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.