Во тек е пријавувањето за турнирот во мал фудбал „Скопје 2017“

Турнир во мал фудбал „Скопје 2017“

Нови содржини и програма се најавуваат за овогодинешниот турнир во мал фудбал ,,Скопје 2017,,. кој се одржува во спортскиот центар „Ново Лисиче“. Пријавувањето на заинтересираните е веќе започнато.


Пријавувањето екипи за шестиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2017“, кој се одржува во спортскиот центар „Ново Лисиче“ е започнато, информира денеска општина Аеродром. 


Турнирот има паричен награден фонд од 300.000 денари и го организираат општина Аеродром, Град Скопје и училишниот спортски клуб „Блаже Конески“.


Заинтересираните екипи можат да се пријават на телефонскиот број 078/892077.


Годинава, информираат организаторите, турнирот ќе биде збогатен со нови содржини и програма, кои ќе бидат дополнително објавени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.