Се реконструираат улиците Тодор Чангов и Ѓорѓи Капчев

Ул. „Тодор Чангов“

Улиците „Тодор Чангов“ број 20 и „Ѓорѓи Капчев“ број 9, кои се протегаат од булеварот „Февруарски поход“ до Усјанскиот канал ќе бидат комплетно реконструирани. Реконструкцијата која започна денеска, се очекува да заврши за околу 40 дена.

 

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски денес направи увид во градежните работи на реконструкцијата на улиците „Тодор Чангов“ број 20 и „Ѓорѓи Капчев“ број 9, кои се протегаат од булеварот „Февруарски поход“ до Усјанскиот канал. Станува збор за промена на целата асфалтна конструкција со санација на пропаднатите места, како и промена на тампонскиот слој на улиците во вкупна должина од 1 километар и 240 метри и широчина од 6 метри.

 

Исто така, на улицата ќе се задржи постојниот тротоар, но каде што има потреба ќе се направи и нов од 1,5 метри, што значи широчината на улиците ќе биде вкупно 9 метри. Вкупната инвестиција за овој проект чини 20 милиони денари, по половина инвестиција со Град Скопје. Овие градежни работи се очекува да завршат за 90 дена.


Изградбата на овие улици значи зајакнување на инфраструктурата во оваа населба со што ќе се подобри животот на нејзините жители, изјави градоначалникот Коневски.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.