Спроведена крводарителна акција во Општина Аеродром

Крводарителна акција

Под мотото ,,Дарувај крв- спаси живот,, денеска во просториите на Општина Аеродром се спроведе крводарителна акција. Градоначалникот Златко Марин кој се приклучи на акцијата и заедно со дел од вработените даруваше крв, истакна дека ова ќе стане традиција во општината и дека два пати годишно ќе се организираат крводарителни акции во општината.

 

Општина Аеродром и Црвен крст на Република Македонија организираа крводарителна акција во просториите на општината под мотото ,,Дарувај крв-спаси живот,,.
На денешната крводарителска акција покрај граѓаните, крв даруваа градоначалникот Златко Марин и дел од вработените во општината, како мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин за дарување крв и да помогнат во спасување нечиј живот. Градоначалникот Марин досега 15 пати дарувал крв, а со дарување крв планира да продолжи и понатаму. Тој истакна дека ова ќе стане традиција во Општина Аеродром и ќе се организираат по две крводарителни акции годишно. Марин упати и апел до граѓаните каде што можат да даруваат крв да даруваат и со тоа да спасат нечиј живот.


Со акцијата која беше од отворен тип се помага да се зголемат крвните единици на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје. Целта на акцијата е да се покаже хуманоста и солидарноста на граѓаните преку дарување крв која може некому да спаси и живот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.