Инцидентот со девојчето кое го фрлиле од прозор се случил во ОУ Ѓорѓија Пулевски во Аеродром
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 02 Октомври 2018
Индицентот со 14-годишното девојче кое било фрлило од четири соученици од прозорецот на училницата на приземје се случил во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската населба Аеродром.
Случајот денеска во полиција го пријавил Е.Ц. (50). Инцидентот се случил во петокот во периодот од 10:30 до 11 часот за време на малиот одмор кога четирите соученици го фатиле девојчето за нозе и раце, го отвориле прозорецот од училницата и ја фрлиле на земја. Девојчето се здобило со телесни повреди.
Од МВР информираат дека родителите на малолетниците кои го извршиле нападот се повикани во полициска станица и се преземаат соодветните мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс